Сојузот на синдикатите на Македонија, денес организираше Конференција на тема „Нов Закон за работните односи, хармонизација на домашното со Европското трудово законодавство“.
-Република Северна Македонија е земја апликант за членство во Европската унија и покрај предизвиците присутни на тој пат во последниов период, за нас оваа опција, европска Македонија е единствено прифатлива и според нашата местоположба, но и според нашата потреба да ги прифатиме европските вредности за демократија и развој. Поради тоа сметаме дека новиот Закон за работните односи треба да ги содржи европските и светските тенденции во работно правните односи, рече Дарко Димовски, претседателот на ССМ.
Затоа, како што појасни се залагаат за:
– договори за вработување на определено време само во исклучителни објективни услови и со траење до 1 година
– 38 часовна работна недела,
– породилно отсуство во траење од 12 месеци,
– доследно почитување на правото за уредување на плата со закон и КД,
– целосно остварување на правото на годишен одмор,
– почитување на конвенциите за слобода на синдикално организирање и функционирање,
– унапредување на колективното договарање и социјалниот дијалог на сите нивоа затоа што не може да се одлучува за нашите права без нас, рече Димовски.