Доколку Владата смета дека го започнала процесот за пристапни преговори со ЕУ, и укажуваме дека нејзините вработени и пред почетокот на процесот и по почетокот на процесот се еднакво сиромашни, примаат најниски плати во ЕУ и дека Владата не може да очекува дека вработените во управата кои треба да го сработат процесот, се мотивирани со просечна плата од 21.300 денари, а на 96 проценти од нив, платата да им е под просечната плата со која Владата толку се фали.
Ова се наведува во денешното сооштение од Сојуз на синдикатите на Македонија и се подвлекува дека од 22.06.2022 година повеќе од 138.000 работници се на генерален штрајк во јавниот сектор, кој до денеска 22.07.2022 година трае 30 дена и истиот прв пат и се случува на една Влада поради тоа што истата, стои во соопштението, не ги исполнува ветувањата и ги манипулира работниците во јавниот сектор, соопштија денеска од Сојуз на синдикатите на Македонија.
Во Македонија, генерален штрајк на цел сектор кој трае еден месец не се случил, а досега сите предходни Влади имале разбирање за потребите на работниците освен оваа Влада која смета дека работниците за кои таа е надлежна не заслужуваат зголемени плати во оваа пост ковид, енергетска и економска криза.
– Трудот на работниците во ЕУ се цени, во Македонија не. Игноратскиот однос на Владата продолжува, но и Генералниот штрајк на работниците продолжува, порачуваат од ССМ.