ССМ потсетува дека од јули минималецот е покачен на 14 934 денари

by Frosina Fakova

Сојузот на синдикати на Македонија ги потсетува работодавачите дека од први јули годинава минималната плата изнесува 14 934 денари, а не 14 500 денари.

Синдикалците бараат од надлежните институции да прават засилени контроли и да ги санкционираат газдите кои нема да ја  почитуваат оваа законска одлука.

-Подучени од нечесните игри од некои несовесни и алчни работодавачи, бараме надлежните инспекциски органи веднаш да ги казнуваат сите несовесни и алчни работодавачи, очигледно само на тој начин може да се воспостави ред и почитување на законите, а истовремено и јавно да ги објавуваат нивните имиња се со цел работниците да бидат информирани.

За сите оние газди за кои нема да бидат преземени соодветни мерки и ќе бидат скриени од надлежните институции, како за исплатата на минималната плата така и за исплатата на финансиската поддршка од Државата, по пријава на работниците, ССМ ќе поднесе Кривични пријави по член 166 од Кривичниот законик против секој еден алчен газда, во името на работниците поради тоа што името и презимето на секој еден работник кој ќе се обрати до ССМ е Сојуз на синдикатите на Македонија.

Зголемувањето на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори, се вели во соопштението на ССМ.

Поврзани новости