ССМ на протест пред Врховниот суд против одлуката за одземање на Работничкиот дом

by Fokus

Сојузот на синдикати денеска ќе излезе на протест пред Врховниот суд, поради одлуката за одземање на Работничкиот дом.

Претседателот на ССМ синоќа во емисијата 24 анализа рече дека ја добиле пресудата на конфискација на работничкиот дом кој 70 години е на работниците и е изграден од синдикалната чланарина на работниците. Тие, како што рече сакаат да ги охрабрат судиите во Врховниот и во Основниот граѓански суд, да го применат правото.

– Причината за утрешниот поротест е заради тоа што од таму ги почнавме сите процеси, ги почнавме сите штрајкови и сме ги донеле сите важни одлуки и одиме пред Врховниот суд. Таму треба да се донесе правична одлука домот да се врати на работниците. Ова е единствен случај во светот.

Очекувањата се дека најдоцна до 1 мај кога имаме покана за граѓанскиот суд за барање за повторување на постапката и тој ќе го препрати на 18 април. Пресудата ја темелат на слободно судиско убедување. Решени сме до крај да ја тераме постапката и нема да отстапиме од нашите барања. Пресудата се темели на слободно судско убедување и на закон од 1998 година за здруженија и фондации. Тројцата судии ја злоупотребиле својата моќ и ја донеле оваа срамна одлука на штета на целото судстсво во земјава. Очекуваме и знаеме дека има разумни луѓе во Врховниот и во Основниот граѓански суд каде имаме поднесено барање за повторување на постапката, рече Трендафилов.

Поврзани новости