ССМ: Ќе ги тужиме сите кои незаконски ќе ги намалат платите на работниците

by Fokus

Сојузот на синдикатите на Македонија ги потсетува оние работодавачи кои сакаат во овие тешки моменти да ги намалат платите на работниците спротивно на Законот за работните односи и спротивно на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, дека согласно Уставот, Граѓаните имаат право на обезбедување на егзистенција за себе и семејството и  социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор.

Укажуваме дека согласно  член 115 од Законот за работните односи, паричните побарувања од работен однос застаруваат во рок од три години од денот на настанувањето на обврската.

Ваквата состојба ќе помине, но укажуваме дека во името на  работниците во наредниот период ќе поднесуваме тужби за сите незаконски и спротивно на Колективен договор намалувања на платите со злоупотребување на  ситуацијата поради нивната себичност.

Сите незаконски и спротивно на Колективен договор намалувања на платите ќе ги чинат работодавачите далеку повеќе со камати и судски трошоци по надминување на оваа состојба, а дополнително повредата на правата од работен однос е Кривично дело по член 166 од КЗ.

Поврзани новости