Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов вели дека во првите 100 дена од Владата требало да седнат на заедничка маса и да ги разговараат сите важни прашања како што е растот на платите, што според него, требало да се случи вчера, а денес веројатно веќе е доцна.
„Тоа што можам да го кажам е дека утре ќе биде 101. ден од новата влада и повторно нема да биде ништо сменето“, рече Трендафилов
Тој додаде дека на 1 мај истакнале неколку барања, а меѓу другото и тоа за раст на платите, односно барањето за раст на минималната плата. Рече дека аргументите се на страната на работниците,смета дека е некоректно тоа што 25 илјади работници примаат плата од 22 567 денари.
„Сметаме дека 10 илјади работници кои примаат плата од еден денар до 22 567 денари е кривично дело да го прават тоа работодавачите“,рече тој.
Со критики за работењето на Владата и претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска.
Рече дека очекувале многу од новата влада, но не добиле ништо.
„Очекувавме дека оваа влада ќе има сенс за бизнисот, за сите оние кризи со кои се соочуваме во работењето, меѓутоа она што се зборува во изминатиот период беше само зголемување на платите на јавната администрација и земање кредити за општините, заобиколување на проблемите со кои се соочува стопанството во делот на продуктивноста и на немањето работна сила. Што значи со еден збор ништо“, рече Трајкоска.