ССМ бара кривична одговорност за неисплата на субвенционираните плати

by Fokus

Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките, вели Дарко Димовски, претседателот на ССМ, по информациите дека над 700 работодавачи земале пари од државата за да исплатат плата како помош поради корона-кризата, а парите не им ги исплатиле на своите вработени.

Димовски во емисијата „Утрински брифинг“ вели дека тие апелирале за ова и УЈП брзо ги откриле фирмите кои не ги исплатиле субвенционираните плати од по 14.500 денари, но додава дека треба тие работодавци да се казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат, ама и дека тоа не е доволно и мора кривично да се одговора.

Поврзани новости