486
Христијан Мицкоски, кој е во заложништво на Димитар Апасиев и Левица, е во паника, затоа што неговиот ментор Никола Груевски има повисок рејтинг од него, велат од СДСМ.
„Затоа Мицкоски секојдневно се расфрла со екстремни и радикални изјави, затоа и за време на хибридни напади кон институциите, тој тера политика и одработува за туѓи интереси. На Мицкоски веќе не му е важно што е добро а што не за државата и граѓаните, туку му е важно само да не заостанува зад Апасиев“, соопштија од СДСМ.
Од таму додаваат дека Мицкоски постојано потврдува дека е слаб, без став, без план, подготвен на секаква деструкција, само за да се докаже пред Апасиев.