Вчера во цетинската населба Медовина по наредба на надлежен инспекциски надзор е срушена куќата на Вук Бориловиќ, масовен убиец од Црна Гора.
Според образложението до кое имала пристап РТВ Цетиње, куќата е урната врз основа на инспекциско решение на Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот, бидејќи објектот на спорната катастарска парцела нема одобрение за градба.
Барањето за уривање го поднел Милош Мартиновиќ, човек чија сопруга и синови биле убиени од Бориловиќ за време на невидениот масакр.
Куќата е урната со согласност на членовите на семејството на Бориловиќ.
Инаку, по масакрот во неколку наврати избувнаа пожари во куќата.
На 12 август 2022 година, 34-годишниот Бориловиќ во Медовина уби десет и рани шест лица, меѓу кои и еден полицаец кој беше застрелан во главата.
Загинал во размена на оган со полицијата.