Пратениците во српското собрание денеска ќе ја продолжат расправата за косовското прашање.
На вчерашната седница на која присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беше објавен Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправа во Приштина.
Извештајот до пратениците формално го доставија Владата на Србија, Канцеларијата за Косово и Метохија, како и малку познатата Канцеларија за координативни работи во преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправа во Приштина.
Атмосферата на вчерашната седница во еден дел прерасна во инцидент со тепачка откако пратениците од опозицијата за време на излагањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ станаа и извикуваа „Предавство, предавство!“, „Косово нема да го дадеме!“.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека нема да го разбере „дивјаштвото“ што се случи на седницата на собранието и дека Србија повторно била претставена во најлошо светло, особено во Приштина.