Српското семејство за кое беше објавено дека исчезнало на Тасос, се јавило на роднините

by Fokus

Семејството Јоксимовиќ, кое во неделата замина за Грција, контактирало со своите роднини во Јагодина. Сестрата на Александар Јоксимовиќ за српските медиуми изјави дека се добро и дека немале мрежа на телефоните за да се јават на роднините.

Таа изјавила дека се јавиле од Грција и рекле дека немаат сигнал, а на телефонот на кој  инсталирале Вибер им пукнал дисплејот.

„Добро се и во Тасос, ја контактирале мајка им во Јагодина“, вели сестрата Александра во интервју за порталот РТС.

Александар Јоксимовиќ рекол дека не знае што се случило, но дека е важно што го контактирале.

На социјалните мрежи претходно беше објавено дека Александар Јоксимовиќ и Снежана Стаменковиќ од Јагодина со своите две ќерки во неделата заминале за Тасос и дека оттогаш се водат како исчезнати.

Како што се наведува во апелот, родителите не можеле да стапат во контакт со нив.

Пријавено е во полиција, тие ја поминале српската и македонската граница, влегле во Грција и оттогаш не биле контактирани. Родителите се обиделе да стапат во контакт со нив, но телефоните им биле исклучени – се наведува во апелот.

Од Министерството за надворешни работи на Србија потврдија дека немаат пријава за наводно исчезнатото семејство.

Семејството се наоѓа во Грција, на Тасос, но не успеале да стапат во контакт со своите роднини во Србија.

 

Поврзани новости