Српско знаме долго 300 метри пред општина Звечан на северот на Косово

by Fokus

На протестот што денеска се одржа во Звечан, град на северот на Косово, пред зградата на општинската администрација, толпата развиори српското знаме долго околу 300 метри.

Срѓан Милосављевиќ, поранешниот претседател на Советот на општина Звечан, на граѓаните им порача дека ова е мирен протест.

Zveèan, 31. maja 2023 – U jutarnjim èasovima poèelo je okupljanje graðana ispred opštine u Zveèanu. Okupljeni graðani razvili zastavu Srbije dugu 250 metara. FOTO TANJUG/ STR/bs

„Нашата волја за живот е голема. Поголема од нивната волја за наше уништување. Нашите барања се повлекување на специјалните сили на косовската полиција од општините на северот на Косово, новиот градоначалник да не доаѓа во општините, да се ослободат нашите неправедно уапсени граѓани“, рече Милосављевиќ.

Тој рече дека имаат информации дека адвокатите се на терен и дека чекаат повратна информација дали ќе бидат ослободени.

„Ве повикувам овој собир да го поминеме во мир, бидејќи ние сме познати како мирен народ“ – рече Милосављевиќ.

 

 

Поврзани новости