47
Српските цариници на граничниот премин Прешево со С. Македонија спречија шверц на девет черепи и шест кожи на заштитени видови дивокоза и волк.
Во соопштението на Царината на Р. Србија се наведува дека сето тоа било пронајдено во празен камион со странски регистрации на влезот во Србија.
Пронајдени се пакувања со девет животински черепи, од кои седум со рогови од дивокоза и два од волци.
Откриени се и шест сурови кожи, од кои четири се на дивокоза, а две на волци.
Канцеларијата за спроведување на конвенцијата „CITES“ на Министерството за заштита на животната средина на Србија потврди дека се работи за животни кои се на списокот на видови заштитени со таа конвенција.