Српските проститутки „печалеле” во хотел во Македонија: Една од нив останала без клиент, бидејќи тој многу се опил!

by fokus

Аферата со проститутките која изминатов период ја „тресе” соседна Србија, не стивнува и секој ден излегуваат нови детали. Според последните пишувања на тамошните медиуми, оргиите на девојките, од кои повеќето се познати во јавноста како старлети или ѕвезди од реални шоу програми, се случувале и во Македонија.

Како што првично објави Република.рс, за да потоа веста ја преземат и останати српски медиуми, според нивни извори од српското Министерство за внатрешни работи (МУП), на 26-ти март шест девојки со два автомобили од Србија заминале во Македонија, во хотел во близина на грчката граница, а таму ги чекале клиентите на кои им пружиле сексуални услуги.

Според Република.рс, Марија Халас потврдила дека се занимава со проституција, и детално го опишала оргијањето во Македонија, со кои девојки била, како и колку пари заработиле.

Таа открила дека нејзиниот макро Душко Бањац, но и Ана Марија Кикош, која исто е обвинета дека работела како макро, им нашле клиенти во Македонија, и на 26-ти март заедно со Ружица Вељковиќ, Дајана Трипуновиќ, Мартина Рајиќ, Ивана Бириња и девојка по име Теа, тргнале на пат.
Со две возила тие стигнале во Македонија околу 20 часот, во хотелот во близина на грчката граница.
Тие првин се забавувале и пиеле, а нејзиниот клиент толку многу се напил, што на крај не била интимна со него.

Телефоните на обвинетите за проституција се на вештачење, а според српските медиуми, голем број на познати јавни личности биле вплеткани во случајот со проституција. Кој користел услуги од проститутките, или како што ги нарекуваат – девојките од каталог, ќе биде познато по вештачењето на Националниот центар за форензика.

Вики Клинчарова

Поврзани новости