Српските полицајци од северот на Косово ги соблекоа униформите по одлуката Србите да ги напуштат институциите

by Fokus

Сите Срби, команданти на станици и полициски раководители од северот ги соблекоа униформите, по состанокот во Звечан на кој беше одлучено Србите да ги напуштат институциите на северот на Косово.

За потсетување, денеска одлучено беше Србите да ги напуштат сите политички институции од оваа соседна држава. Шефот на регионалната оператива Митровица Север, капетанот Александар Филиповиќ поднесе оставка во име на вработените во косовската полиција со порака „Доста беше“, јавува Н1.

Поврзани новости