581
Фотографија од српската премиерка Ана Брнабиќ во бикини вчера беше сензација во српските медиуми.
Свикнати секогаш да ја гледаат во сако и пантолони, поради нејзината функција, србите со воодушевување ја дочекаа објавата на фотографијата, за која што тамошните медиуми тврдат дека е направена пред седум години на островот Крк, каде премиерката имала семејна вила и често летувала во неа.
Информираат дека ова лето, таа исто така одморала на Крк, заедно со својата партнерка, која била лекар.
,,Нашата згодна премиерка, кај неа нема ништо вишок, не воодушеви во бикини’’ – се дел од насловите посветени на Брнабиќ.
Инаку, таа е првата личност која е јавно декларирана како дел од ЛГБТ во редовите на тамошната влада. Пред да биде назначена на функцијата, имаше голем број на јавни негодувања поради нејзината хомосексуална ориентација. Дел од српската јавност пак сметаше дека тоа е мудар дипломатски потег, со кој се дава на знаење дека Србија е современа земја, каде сите граѓани целосно ги уживаат загарантираните човекови права и се надминати сите предрасуди кон ЛГБТ лицата.
Пред две години, пак, фотографиите во бикини на Колинда Грабар, претседателката на Хрватска, го ,,срушија’’ интернетот во регионот. Таа ја покажа совршената линија, а хрватите со гордост масовно ги споделуваа фотографиите на социјалните мрежи.
Вики Клинчарова