Премиерот на Република Србија – Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава. Вучевиќ ќе биде пречекан од премиерот Христијан Мицкоски.
Како што информира владината прес-служба, во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателите на владите од двете земји, а потоа и пленарна средба меѓу двете делегации, по што ќе следи потпишување меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и српското Министерство за рударство и енергетика.
Предвидена е и заедничка прес конференција на Мицкоски и Вучевиќ.
Според Владата на Србија, Вучевиќ ќе има средба и со претставници од српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во С. Македонија.