Насловните страни на српските медиуми денеска исполнети со неофицијални информации за дипломатскиот инциденти што го предизвика Србија откако реши да го повлече персоналот од својата амбасада во Македонија на консултации во Белград. Медиумите во соседна Србија пишуваат дека српските дипломати во Скопје, без никаков повод биле следени, а биле применувани и методи на застрашување“.
Белградски „Блиц“, повикувајќи се на анонимни извори, пишува дека дел од притисокот бил со „одобрение на странците“. „Скандал: Македонците го прислушувале и Вучиќ“, стои на насловната од српскиот весни „Информер, кој е познат како провладин медиум близок со претседателот Александар Вучиќ.
Инаку, вчера владиниот врв на Србија изјави дека одлуката за повлекување на персоналот е поради офанзивно разузнавачко делување од Македонија врз Србија. Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ вчера порача дека Белград може да го промени ставот во врска со примената на уставното име на Македонија, доколку официјално Скопје го смени својот воздржан став и го поддржи влезот на Косово во УНЕСКО.