Српскиот национален совет на Црна Гора им се извини на Србија, Република Српска и на српскиот народ за црногорската поддршка за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН, со порака дека тоа не е гласот на мнозинството во Црна Гора.
– Извини Србија, извини Република Српска, извини српски народе, извини на нашите чесни предци. Гласот на Црна Гора на Генералното собрание на Обединетите нации за поддршка на срамната Резолуција за геноцидот во Сребреница не е глас на слободната и мнозинска волја на граѓаните, туку на окупаторските и инсталирани власти. Нема оправдување за срамот и понижувањето што властите во Црна Гора му ги нанесоа на српскиот народ – се наведува во соопштението потпишано од претседателот на Советот, Момчило Вуксановиќ.
Се нагласува дека по сите неверојатни притисоци, Србија е историски победник на гордоста на целиот српски народ и на слободниот свет.
– Само српскиот народ во Црна Гора е срамен. Очекуваме соодветен одговор од нашите политички претставници – се наведува во соопштението.