424
Околу 100 видови на пиво и деликатеси ќе бидат понудени на овогодишното јубилејно десетто издание на фестивалот „Пиволенд“ кој ќе се одржи од 7ми до 12ти август на Скопското Кале. На сцената на фестивалот оваа година ќе настапат бендовите Ван Гог, Неверне Бебе, Сарс, Негатив, како и македонскиот рап состав САФ.
Фестивалот е под покровителство на Градот Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.
Во пресрет на „Пиволенд“ почнувајќи од 18-ти август секој петок и сабота во вечерните часови, жителите и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат и во добра музика на неколку локации низ градот.