Српски тренер доби отказ затоа што му го честитал роденденот на Путин

by Fokus

Српскиот тренер во мал фудбал, Владимир Филиповиќ доби отказ во Естонија откако му го честиташе роденденот на рускиот лидер Владимир Путин.

Естонскиот футсал клуб Смсрах од Вијма му врачи отказ на српскиот тренер Владимир Јовановиќ откако беше забележано дека тој на социјалните мрежи му го честита роденденот на Владимир Путин.

Претседателот на Русија на 7 октомври го прослави својот 71 роденден, кој Јовановиќ го одбележа јавно на својот профил на социјалните мрежи, по што некој го „пријавил“ во клубот и по кратка средба било одлучено да му го раскинат договорот.

Како што пренесува руската новинска агенција РИА Новости, Владимир Јовановиќ закачил фотографија од претседателот на Русија и му честитал на следниов начин:

„Да живеете, имењак. Срби и Руси, браќа засекогаш!“.

Како што изјави директорот на естонскиот клуб, Андреј Головин, Јовановиќ добил отказ поради „некоректно однесување на социјалните мрежи“, и дека на крајот ја прифатил одлуката со разбирање. И покрај тоа, во првата изјава по оваа несекојдневна ситуација на Балтикот, српскиот тренер рече дека никој не може да му го одземе правото на слобода на говор.

„Јас сум спортист од земја која има свои традиции, исто како и Естонците. Ги почитувам сите, но никој на планетава не може да ми каже како да размислувам. Тоа се вика слобода на говор, тоа е демократија. Жал ми е што го доживеав ова горчливо искуство“, изјави Јовановиќ.

Поврзани новости