772
Двајца полициски службеници добија 48-часовен притвор, бидејќи му помогнале на Вељко Беливук, кој заедно со неговата група беше уапсен под сомнение за 3 убиства и други кривични дела.
Пред неколку дена, за време на претрес на стан и други протстории во склоп на апсењето на осомничени членови на организирана криминална група на Беливук, двајцата приведени полицајци површно претресле стан за да не пронајдат преметни поврзани со кривично дело.
По вториот претрес, полицијата пронашла пиштол, а осомничените се теретат дека не одземале пари кои биле пронајдени во станот, иако биле предмет на кривично дело.