Непознато лице, чиј идентитет се утврдува, денеска пукало во припадник на српската жандармерија кој бил на безбедносна служба во израелската амбасада. Како што соопшти српско МВР, тој бил застрелан во вратот.
Припадникот на Жандармеријата М.Ј. (1990) употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.
Полицаецот во свесна состојба е пренесен во болница каде ќе биде извршена операција за отстранување на куршумот од вратот. Се истражуваат сите околности на нападот и можните мотиви.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ се упатил кон болницата за да го посети припадникот на Жандармеријата кој бил тешко повреден при вршење на службена должност.
Дачиќ изјави дека операцијата на ранетиот полицаец е во тек и изјави дека нема сомнеж дека се работи за терористички напад.
-Приведовме уште едно лице, превентивно, кое беше лоцирано во близина на полициските објекти – рече тој, додавајќи дека се работи за луѓе кои се познати на безбедноста и имаат врски со вахабистичкото движење.