Српски новинар ја тужи Владата на Србија

by Фокус

Новинар од српскиот весник „Данас“ поднесе тужба против Владата на Србија поради тоа што не му доставила одговори колку нови луѓе биле вработени во јавниот сектор лани, и покрај забраната за вработување до 2016 година.

Тужбата е поднесе вчера, откако Владата не одговорила на две барања за пристап до информации од јавно значење испратени од весникот „Данас“ на 22 октомври 2014 година и од 10 февруари оваа година. Од весникот потсетуваат дека српското Собрание усвоило забрана за вработување во јавниот сектор до 31 декември 2015 година.

Првично, „Данас“ побарал податоци за нови вработени во јавниот сектор од Министерството за финансии, но оттаму им одговориле дека не поседуваат таки информации и да се обратат до Владата.

 

Поврзани новости