Во близина на пристаништето Ставрос кај Солун, од морето е извлечен 29-годишен државјанин на Србија, кој бил во бесознание и без пулс.
Прв на инцидентот реагирал сопственикот на блискиот бар на плажата, кој веднаш започнал со кардиопулмонална реанимација (CPR), а набрзо потоа помошта ја презеле членови на Доброволниот спасувачки тим од Волвија.
Благодарение на континуираната масажа на срцето и давањето кислород, на младиот човек му се вратил срцевиот ритам и почнал спонтано да дише.
Волонтерите му пружиле помош и презеле мерки за спречување хипотермија сè до пристигнувањето на мобилниот тим на грчката Итна помош (EKAV).
На фотографиите се гледа дека спасувачите користеле опрема за реанимација, поточно маска за вештачко дишење и AED – автоматски надворешен дефибрилатор.
Екипата на Итната помош го презела 29-годишникот во релативно добра состојба и го превезе во болница, со асистенција на припадници на крајбрежната стража.