МВР информира дека надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(49) од пробиштипско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Како што информираат од полицијата, на 07. овој месец во семејната куќа, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
СВР Куманово, пак, поднесе кривична пријава против Д.К. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Тој на 17. минатиот месец во кумановско, физички ја нападнал неговата партнерка.
Во Свети Николе поднесена е кривична пријава против Љ.Н.(54) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 15. месецов во семејниот дом во Свети Николе, по претходна расправија, пријавениот упатил закани кон неговите сопруга и ќерка, со што постапил спротивно на изреченото Решение на Основниот суд во Свети Николе, со кое му се забранува да се заканува и да ги малтретира и вознемирува.
Рано утринава во 00:05 часот во Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(45) од Скопје затоа што физички ја нападнал неговата малолетна ќерка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера, претпладне, во 11:30 часот во СВР Охрид, од основно училиште во Охрид е пријавено дека нивна 11-годишна ученичка во семејниот дом била физички малтретирана од нејзината мајка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Утринава во 03:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода В.М.(42) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата вонбрачна партнерка, дека физички ја нападнал по кратка расправија во неговиот дом.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Синоќа во 20:30 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 38-годишен жител од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга.
Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.