Српски амбасадор фатен со 12 куфери со пари

by fokus

Српскиот амбасадор во Каиро, Југослав Вукадиновиќ, е фатен на аеродромот во Белград каде со сопругата слетал од Каиро, обидувајќи се да пренесе 84.000 евра кеш распоредени во 12 куфери.

Вукадиновиќ и неговата сопруга се вратиле од Египет, бидејќи тој беше отповикан од амбасадорската позиција само неколку дена претходно.

Според Блиц, парите не биле пријавени пред надлежните институции.

Прописите во Србија велат дека може да се пренесе неограничена сума, но ако станува збор за над 10.000 евра мора да бидат соодветно пријавени.

Парите биле запленети, амбасадорот е ослободен, но бил сменет поради „непрофесионално постапување“.

Поврзани новости