Во рамки на инструментите што ги нуди Отвoрен Балкан, денеска во Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски на работниот состанок со српскиот вицепремиер и министер за земјоделие Бранислав Недимовиќ, постигна договор во следните 7 до 10 дена да се тргне забраната за извоз од Србија во Северна Македонија на производите пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката на количините што се договрени меѓу економските партнери од двете држави.
-Денеска во Белград, во рамки на инструментите што ги нуди Отвoрен Балкан се сретнавме со српскиот вицепремиер Бранислав Недимовиќ, каде на состанокот е постигнат договор во следните 7 до 10 дена да се тргне забраната за извоз од Србија во Северна Македонија на производите пченица, пченка, брашно, масло за јадење. Тоа значи дека сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани, забранатa ќе биде тргната, а за договорените количини ќе биде испратено и писмо, уште денеска од премиерот на македонската Влада до српската премиерка, со цел да да се тргне српската забрана за извоз во следните 7 дена, како што и беше договрено на овој состанок, изјави министерот Николовски по средбата.
На девети март пак, кога Србија ја најави забраната за извор, Николовски изјави дека таа забрана нема да важи за Македонија. Тогаш тој рече дека имал онлајн средба со српските колеги му потврдиле дека одлуката нема да важи за договорените количини пченица, потребни за нашата мелничка индустрија, односно дека одлуката нема да важи за регионот.