Српската војска делумно се повлече од границата со Косово

by Fokus

Србија повлече дел од трупите стационирани покрај границата со Косово, откако нивното присуство беше зголемено по престрелките на 24 септември, објави началникот на генералштабот на српската војска Милан Мојсиловиќ.

„Србија распореди 8.350 војници близу границата со Косово, но нивниот број е намален на 4.500 во моментов. Присуството на војската во копнената безбедносна зона е вратено во нормала“, кажа Мојсиловиќ, алудирајќи на пограничниот појас широк пет километри.

Тој додаде дека Србија формално не ја зголеми борбената готовност на своите 22.500 војници.

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала-Шварц претходно изјави дека распоредувањето на српските трупи потсетува на однесувањето на Русија пред инвазијата на Украина. Српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела кажа дека нема намера да ѝ нареди на својата војска да ја премине границата, зашто ескалацијата на конфликтот би штетило на пристапувањето на Србија кон ЕУ.

Контроверзниот бизнисмен и бивш потпретседател на партијата Српска листа, Милан Радоичиќ, во петокот потврди дека тој го организирал нападот во кој загинаа еден полицаец и четворица напаѓачи, негирајќи дека имал поддршка од властите во Белград.

Поврзани новости