87
Полицијата во Србија открила и запленила околу 12,2 килограми марихуана од атар на селото Миратовац на границата со Македонија и го привеле Х. Д. (39) од подрачјето на Прешево, поради постоење основи на сомнение дека како соизвршител сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотици“.
Според информациите во српските медиуми, полицијата вршејќи увид на „пикап“ со хрватски регистарски таблички, ја пронашла дрогата. Инаку, осомничениот возач и неговиот сопатник, кој избегал, влегле во Србија од Македонија.