Српската полиција уапси 17 лица: Нема да дозволиме нов Земунски клан

by Фокус

Во голема полициска акција во Србија, направени се и претреси на најмалку 30 локации, главно во Белград, и најмалку 17 лица се приведени под сомнение за злосторничко здружување, киднапирања и убиства.

Меѓу уапсените беше водачот на групата Вељко Беливук (Веља Неволја) и Марко Миjковиќ-Марет, кои предводат фракција на навивачката група „Гробари“ на фудбалскиот клуб Партизан.

Тие двајца се уапсени додека оделе да ги запалат возилата кои, како што јавуваат медиумите, ги користеле за извршување на кривичните дела.

Од српската полиција изјавија дека нема да биде дозволено создавање нов Земунски клан во Србија од страна на „обични криминалци кои се затскривале зада навивачи“.

Станува збор една од најсилните организирани криминални групи во регионот, блиска до Кавачкиот клан од Црна Гора.

Тие дел од бруталните убиства ги вршеле во викендички, каде ги сечеле телата на парчиња и ги топеле во киселина, поради што има голем број исчезнати лица.

Поврзани новости