Српската полиција кај Рума уапси млад човек кој со ракетен фрлач урнал зграда

by Fokus

Српската полиција денес го уапси дваесетипет-годишниот П.Н. , бидејќи попладнево испукал проектил од рачен ракетен фрлач кон напуштена зграда во близина на железничката станица во Платичево, кај Рума.

Полицијата во Рума, како што пишуваат српските медиуми. поколу 14.10  часот добила анонимна дојава дека непознато лице испукало проектил од рачен ракетен фрлач во напуштен објект во близина на железничката станица во Платичево.

По експлозијата се урна помала зграда спроти станицата.

Од Министерството за внатрешни работи на Србија велат дека веднаш интервенирале и дека во инцидентот нема повредени.

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости