395
Во рамки на меѓународната акција „EASY“, Министерството за внатрешни работи на Србија во соработка со Европол и Обвинителството за организиран криминал ги уапси и приведе водачите на балканскиот картел.
Според српските медиуми тие во последните години организирале шверц на повеќе од 7 тони кокаин на територијата на Европа.
Акцијата е спроведена во најголема тајност во соработка со полициите на Холандија и Белгија со координација на Европол, при што се уапсени лицата кои се предводници на овој најголем картел во Европа