Српската полиција „чешлаше“ четири граѓански организации со изговор дека проверуваат документација за УСАИД

by Fokus

Српската полиција вчера упадна во просториите на четири невладини организации по наредба на Антикорупциската управа во белградското Обвинителство.

Полицијата упаднала во просториите на Граѓански иницијативи во Белград, во ЦРТА, Фондацијата Траг и Центарот за практична политика

Полицијата најпрвин побара разговор со одговорните лица во овие организации.

Главниот јавен обвинител Ненад Стефановиќ рече дека од четирите организации била задржана целата документација, поврзана со донациите на УСАИД.

Драган Поповиќ, претседател на Центарот за практична политика, вели дека неговата организација никогаш во својата историја не соработувала со УСАИД и не била активна во последните години.

Од Граѓански иницијативи Белград објавија дека полицијата упаднала во нивните канцеларии тврдејќи дека имаат налог од обвинителството за проверка на работата, иако не го покажале истиот.

Граѓанските иницијативи најостро го осудуваат овој напад врз граѓанските организации и бараат надлежните органи веднаш да ја објаснат основата за ваквото постапување и да престанат да ги злоупотребуваат институциите за политички цели.

Поврзани новости