Дел од српските медиуми реагираат дека Министерката за семејна грижа и демократија Дарија Кисиќ го злоупотребила случајот со злоставуваното девојче, бидејќи до дел од медиумите испратила промотивен текст дека го посетила, а заедно со него и форографија на која таа е форографирана со девојчето.
Според „Нова.Рс“ ова не е спорно што таа го посетила девојчето, туку што ја нарушила неговата приватност што е забрането со закон.
“ТДенес медиумите во Србија добија промотивен текст дека министерката Дарија Кисиќ посетила девојче кое од средината на јуни е во згрижувачко семејство, по закрепнувањето во здравствена установа, а по големото запоставување од страна на нејзините родители. Самиот факт што таа го посети не е толку контроверзен, туку моментот во кој на детето му е прекршено правото на приватност како што е. Имено, заедно со текстот беа доставени цела серија фотографии од девојчето кои некои медиуми ги објавија со пофалби во насловите. Иако лицето на детето не е јасно видливо на нив – тоа е забрането со закон“, пишува „Нова. рс“
Неодамна почна постапката против таткото на малолетното девојче, а обвинителството не се занимава и со одговорноста на институциите за кои ова дете со години беше невидливо.
Во обвинението детално се опишуваат условите во кои се чувало девојчето, но не се споменуваат пропустите и обврските на белградскиот Центар за социјална работа, здравствените домови Звездара и Палилул, Управата на градската општина Звездара, како и други институции кои се надлежни.