Српска невкусна шега или намерно доведување во заблуда на јавноста?

by Fokus

Фотомонтажи направени врз вести од украинската страница на невладината организација The Ukraine house, на кои се вметнати фотографии од српските актери Драган Бјелогрлиќ, Ненад Окановиќ, Никола Којо и други, од филмски воени сцени, деновиве започнаа да се споделуваат на српските социјални мрежи, по што се проширија и во регионот.

Дали некој од Србија, кој ги првично ги направил и објавил фотомонтажите сакал невкусно да се пошегува, или пак да ја доведе јавноста во заблуда, прикажувајќи дека наводно украинците се користат со лажни фотографии, не е познато, но сепак, според коментарите кои се оставаат, очигледно е дека голем дел од јавноста ,,наседнала” на несоодветниот трик.

Доколку се пребара официјалната страница The Ukraine house, посочените фотографии со српските актери никогаш не биле објавени на истата, но непрепознавањето на лажни вести во голема мера си го направи своето.

Стотици коментари од наши граѓани, кои поверувале дека украинските медиуми се служат со лажни фотографии веќе се оставаат на социјалните мрежи.

Лажните вести кои се еден од најголемите проблеми на дигиталниот свет се шират многу побргу од вистинските. Често се користат како политичко оружје, и се шират без основа и без проверување на фактите.

Луѓе кои не се доволно информирани да ги препознаат непроверените информации продолжуваат со нивно ширење, со што можат да предизвикаат општествени проблеми, посебно кога станува збор за чувствителна тема како што е војната во Украина.

 

 

 

Вики Клинчарова

Поврзани новости