517
Главните луѓе на МПМ, управителот Срѓан Керим и директорката Јана Станисављева, денеска се на распит во Специјалното јавно обвинителство, пренесува „Макфакс“.
Двајцата денес на пладне се повикани да дадат исказ во рамки на истрагата.
Според неофицијалните информации, тие се повикани како сведоци во истрагата што ја води обвинителството за финансиските злоупотреби во компанијата на тогашните први луѓе, кога во нивна сопственост беа весниците „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“.