Л.Т. од Скопје го освои рекордниот СУПЕР МИЛИОНЕР на Видеолотарија Касинос Австрија во јули. Со вредната добивка од 7.937.699 денари на 29.07.2024, ќе направи нешто за семејството и сопствениот бизнис, но и за хуманитарни цели.
Л.Т. од Скопје во придружба на своето семејство пристигна во Видеолотарија Касинос Австрија да го подигне чекот на рекордниот износ СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот за јули, вреден фантастични 7.937.699 денари е освоен на 29.07.2024. Со нас ја сподели својата инспиративна приказна, притоа посака да го сочува својот идентитет.
Л.Т. има свој бизнис, а понекогаш се забавува на видеолотариските терминали. Неколкупати освојува МИНИ џекпот, па и во најновиот случај, мислел дека освоил таква добивка.
Во среќниот момент, прво помислил дека се случил некој проблем, потоа дека освоил мала добивка, па дури по пребројување на бројките, сфатил дека СУПЕР МИЛИОНЕР џекпотот е негов. Уште не му се верува дека добивката е негова.
Со парите планира да направи неколку работи за семејството и бизнисот, но и да сподели со оние на кои им е треба помош. По сугестија на сопругата, ќе направи донација за хуманитарната организација Св.Спас, а дополнително секој месец ќе донира определена сума за народните кујни. Планира околу Нова година да направи нешто и за СОС детското село.
Само за потсетување во јули, со оваа добивка, освоени се 4 СУПЕР МИЛИОНЕР џекпоти. Првиот беше освоен на 01.07.2024, вториот на 07.07.2024, третиот на 20.07.2024, а последниот на 29.07.2024.
За една недела, играчите на Видеолотарија Касинос Австрија, забавувајќи се на видеолотариските терминали од 29.07.2024 до 04.08..2024, освоиле 504 добивки во вкупен износ од неверојатни 22.319.319 денари.