Нето средствата кои ги управуваат трите задолжителни пензиски фондови во Македонија достигнаа 166,5 милијарди денари (2,8 милијарди долари/2,7 милијарди евра) на крајот на јануари, што е за околу 2,2 отсто повеќе во споредба со крајот на претходниот месец.
Според извештајот на регулаторното тело МАПАС, КБ Отворен задолжителен пензиски фонд е рангиран на прво место со 81 милијарда денари нето актива до крајот на јануари.
Следува Сава пензиски фонд со 72,3 милијарди денари и Триглав отворен задолжителен пензиски фонд со 13,2 милијарди денари, објави Агенцијата за супервизија на пензиското осигурување на Северна Македонија, МАПАС.
КБ Пензиски фонд имал 281.659 клиенти на крајот на јануари, имателите на сметки на САВА биле 261.980, а додека Триглав имал само 68.307 осигуреници.
Со КБП управува КБ Прво пензиско друштво, во косопственост на словенечката Скупина прва и Комерцијална банка, според податоците на МАПАС.
О.К.