Средношколскиот Пленум денеска со нова герила акција и со транспаренти „Свирни за поддршка“ ги анимираат возачите кои се движат по улицата да свират со автомобилите и автобусите и натој начин да им изразат поддршка.
Тие веќе четврти дена кампуваат во паркот на новинари, наспроти Министерството за образование, очекувајќи дека министерот Абдулаќим Адеми ќе одговори позитивно на нивните барања, а тоа е враќање на стариот концепт на државна матура и укинување на екстерното тестирање.
Тие досега имаа три средби со преставници на МОН, но се уште нема никаков договор. Средношколците остануваат на кампот се до остварување на нивните барања. За денеска, најавено е и дека претставници од Наставничкиот пленум ќе се сретнат со евроамбасадорот Аиво Орав.