407
Штипските средношколци денеска испратија барања до Министерството за образование, а дотогаш бојкотот на наставата ќе биде ставен во мирување, откако тие вчера почнаа со протести бидејќи математиката се става како трет задолжителен предмет за екстерно тестирање.
На средношколците од Скопје, Куманово, Тетово и Штип вечерва им се приклучуваат битолските средношколци. Откако, не им беше дозволено да имаат средба во просториите на училиштето, тие вечерва на отворено ќе дискутираат за проблемите во образованието. Вчера министерот Адеми рече дека бојкот нема, а проектот државна матура се спроведувал успешно.
Средношколците бараат од надлежните да ја укинат математиката, која е предвидена како задолжителен предмет при полагањето државна матура, за која досега на протести излегоа нивните соученици од повеќе градови низ земјава.Претходно за истата причина наставата ја бојкотираа учениците од скопската гимназија Јосип Броз Тито, но нивната одлука била самоиницијативна, а не на средношколскиот пленум.