Средните медицински училишта од Штип, Гостивар и Тетово реагираа на одлуката на Министерството за образование и наука да ги исклучи учениците од здравствените струки од конкурсот за стипендии во дуално образование.
Тие излегоа на протест заедно со нивните родители, кои се револтирани затоа што добивањето стипендија и извршување практична работа во здравствена установа како дуално стручно образование било наведено во конкурсот при упис и затоа сите тие се одлучиле да ги одберат тие паралелки.
Револтирани се и наставниците, бидејќи како што велат, имале повеќе месеци работа за да се организираат и договорат овие дуални паралелки со повеќе здравствени установи.
По нивната реакција од МОН денес соопштија дека следниот месец ќе објават конкурс за ученички стипендии за здравствените струки во дуално образование.