611
Средношколскиот сојуз не отстапува од закажаниот протест в понеделник (31 август) и покрај тоа што со вчерашната одлука на Владата почетокот на учебната година е одложен за еден месец односно за 1 октомври. Сојузот бара почетокот веднаш да биде со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со корона вирусот.
Претседателот на Сојузот, Бленди Ходаи за МИА изјави дека учебната година да почне на 1 октомври бил нивни предлог кога нивни претставници беа на средба во Владата, затоа што сметале дека треба да има повеќе време надлежните да подготват комбиниран модел на настава за кој тие се залагаат.