Министерството за образование и наука прифати три од четирите барања на средношколците за олеснување на државната матура. Прифатено е најважното барање Владата да им препорача на сите универзитети во земјава да ги променат коефициентите за упис и со тоа да го променат соодносот на поените што ги носат екстерните испити и што ги носат интерните испити.
Договорено е екстерните предмети да носат 20 наместо 24 бода, а интерните 20, наместо 16 бода. Проектната задача и натаму ќе носи 4 бода.
Од друга страна, предметот мајчин јазик ќе носи повеќе бодови при упис на факултет.
Освен тоа, како што рекоа од Сојузот на средношколци, наставниците ќе имаат обврска да ги споделат банките со прашања со своите ученици најдоцна четири недели пред испитот. Доколку на испитот има 20 прашања, во банките ќе има по 60 прашања.
Единственото барање кое МОН не го прифати е да го одложи полагањето по предметот мајчин јазик. Средношколците бараат испитот да се премести од 27 мај на 3 јуни. Министерот за образование изјави дека како компромис понудиле намалување на обемноста на тестот.