Средношколците беа на средба во Влада, Филипче ги покани и на состанок на Комисијата за заразни болести

by fokus

Претставници на средношколците кои бараат комбинирана настава денеска беа на средба во Владата со премиерот Спасовски, вицепремиерката Царовска и министрите за образование и здравство, Адеми и Филипче.

Филипче објави дека ги поканил и на состанокот на Комисијата за заразни болести каде ќе се дискутира за состојбата.

-Денеска имавме средба со средношколците што предложија комбинирана настава во новата учебна година. На средбата во Влада, ги поканив средношколците да присуствуваат и на состанокот на Комисијата за заразни болести, каде дискутираме за состојбата и носиме одлуки за заштита од ковид-19. Заеднички одлучивме да соработуваме на усовршување и најдобра имплементација на моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во учебната година, напиша Филипче.

Поврзани новости