Средношколците бараат комбинирана настава, во спротивно се закануваат со бојкот или протест

by fokus

Средношколците се незадоволни од одлуката за оддржување на онлајн-настава, поради што информираат дека во сабота ќе одлучат дали ќе бојкотираат или ќе протестираат. Од Сојузот на средношколците ваквата одлука ја нарекоа скандалозна, бидејќи, како што велат, ниту учениците, ниту родителите не биле консултирани пред нејзиното донесување.

Според истражувањето што го направиле членовите на сојузот на средношколци, само 7,9 отсто од учениците сметаат дека онлајн наставата е целосно ефикасна, а 59 отсто од нив рекле дека не секој има доволен пристап до потребната опрема.

-Дел од учениците да ја следат наставата од дома, а останите физички да присуствуваат во училниците. Учениците да се менуваат на смени. Засилени хигиенски мерки, задолжително носење маски. Сметаме дека комбинираниот метод е најдобар и најефикасен поради повеќе причини, но ние сме сериозно загрижени од пристапот на МОН. Ние никогаш не бевме консултирани и се оградуваме од нивната одлука. И не, немаме доволно време, велат од сојузот.

Поврзани новости