Средношколци од Скопје се истепале на голем одмор

by fokus

Физичка пресметка се случила вчера во средно училиште во Скопје за време на големиот одмор, во која две лица се здобиле со повреди, поради што им е укажана лекарска помош.

Во СВР Скопје вчера во 15:15 часот било пријавено дека на булеварот „Трета Македонска бригада“ во средно училиште за време на големиот одмор, Ф. А., А.М.и А.И. сите од село Копаница, Скопско заедно со уште две лица физички ги нападнале М.И (19) и Б.М. (18), двајцата од село Батинци.

На М.И. и Б.М. им е укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости