Средношколски сојуз: МОН потроши 15,5 милиони евра за Националната платформа а не се користи во целост

by fokus

Сојузот на средношкколци денеска реагира на неупотребата на онлајн платформата во првата недела од почетокот на новата учебна година. Лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи вели дека за потребите на Националната платформа МОН потрошило 15,5 милиони евра, а учениците употребуваат само еден сегмент, односно Мајкрософт Тимс.

-Значи, 15,5 милиони евра биле искористени за неупотреблива веб страница, напиша средношколскиот лидер Бленди Ходаи на социјалната мрежа Фејсбук.

Средношколците реагираат и на недостапноста на интернетот, но и недоволната обученост на наставниците за предавање од далечина.

Поврзани новости