Веќе втора недела како средношколците кампуваат пред Министерството за образование, а повеќе од три недели ја бојкотираат наставата. Тие планираат да продолжат со ова темпо се додека ресорното министерство не ги прифати нивните барања.
– И се соопштува на јавноста дека утре бојкотот продолжува. Во подготовка е агендата за оваа недела. Не се откажуваме и покрај рокот од 25 дена. Нашите барање се јасни, нашиот став е јасен, нашата желба за поквалитетно средно образование е неизмерна. Она што беше изгласано денес на Генерален Пленум е дека бојкотот продолжува во Паркот на новинари за сите, односно се префрла од училиштата пред МОН. Ќе се врши и евиденција за отсуства. За утре се планирани алтернативни предавања а за агендата за следните денови дополнително ќе ве информираме преку известувања, соопштенија и евенти – се наведува во соопштението објавено на фејсбук -страна на Средношколски пленум.
Тие тврдат дека стравот го нема, храброста и истрајноста се зголемуваат, а тие сме спремни да одат до крај за да им бидат исполнети барањата.