449
Средношколците побараа граѓаните да донираат кабаници и тенди, откако пред околи 30 минути почна да врне силен дожд со град и дел од нив беа принудени да бараат засолниште.
„Се молат сите граѓани кои сакаат да ни помогнат во нашата истрајност при кампувањето и бојкотирањето на наставата, доколку се во можност да ни донираат кабаници и тенда за што им благодариме“, напишаа на профилот на Фејсбук од Средношколски пленум.
Напишаа и песна
КРАТКО, ЗА МОН
И да врне
И да вее,
И сонце да грее,
#СредношколскиПленум и #СредношколскиФронт
Пред врата
И над глава ќе ви бдее.